Повеќе од седум часа еден од синовите на Сашо Мијалков се наоѓа во полициската станица „Пролет“ во Кисела Вода, а прашањето на кое се чека одговор е едно: Каде се наоѓа неговиот татко?, објави ТВ21.

Александар и Јордан Мијалкови денеска пристигнаа во полициската станица, откако Министерството за внатрешни работи им испрати порака дека треба да дојдат на информативен разговор во врска со бегството на неговиот татко.

Не само тие, туку и нивната мајка, чичко и лица кои го обезбедувале Сашо Мијалков со часови одговараа на прашата поставени од инспекторите во полициската станица.