Да беше жив, вчера Ѓорѓе Балашевиќ ќе го прославеше својот 68-ми роденден.
По тој повод, неговиот син Алекса на социјалната мрежа „Инстаграм“ објави фотографија со својот татко, проследена со емотивна порака за неговиот роденден.
„Како што рече, животот започнува со една свеќа на торта и завршува со една свеќа без торта. Животот е таа линија помеѓу некои броеви и датуми што ни значат, а вечноста се оние три точки што малку луѓе ги пишуваат… Меѓу другото, ти ги напиша, одамна. Само за да те потсетам на твојот роденден“, напиша Алекса во описот на фотографијата со неговиот татко.