Фудбалскиот свет пред еден и пол месец остана без можеби најдобриот фудбалер на сите времиња. Почина Диего Армандо Марадона на 60 години. Зад Марадона останаа многу мечеви кои уште се прераскажуваат и потези кои ќе се памтат во фудбалот.
Легендарниот Диего многу заработи, но и многу потроши. Зад себе остави неколку деца кои сега се борат за неговото наследство. Себастијан Баљето е човекот кој е задолжен за наследството на Марадона, на прашањето, што остави Диего највредно зад себе, одговорот беше: „Радоста која ја даде на целиот свет.“
Диего Армандо јуниор, кој е син на легендарниот Аргентинец, остана шокиран кога разбра дека татко му во тестаментот оставил само три автомобили.
„Бев изненаден кога адвокатот ми соопшти дека во тестаментот има само три автомобили. Има многу чудни работи кои треба да се расчистат“, рече синот на Марадона.
освен Диего јуниор, Марадона има уште неколку деца и сите рамноправно ќе се борат за наследството, кое според тоа што го има во тестаментот е многу малку.