Сѐ уште не е јасно како Барлет Џафери, синот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, успеа да „влезе“ во Академијата за судии и јавни обвинители, а сега се најде и на список како еден од идните обвинители на државата, објави Телма.

Како што објавува оваа телевизија, Антикорупциската комисија во април минатата година доби известување дека Барлет Џафери успеал да се пријави на академијата без да ги исполни условите за тоа, поточно без полагање правосуден испит. Но, и без докрај завршена истрага на антикорупциската комисија против него, Барлет Џафери ќе биде во позиција самиот да истражува криминал.