Доколку има зголемување на бројот на заразени лица со коронавирус, но и доколку Комисијата за заразни болести донесе таква одлука, тогаш тие ќе ја почитуваат, изјави директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски одговарајќи на прашањето дали може зголемувањето на бројот на заразени да го одложи пописот. Како што вели тој, најважно е здравјето на граѓаните и доколку Комисијата донесе таква одлука, тогаш тие не сакаат да бидат одговорни за евентуално ширење на вирусот.

Од друга страна, пак, премиерот Зоран Заев на истото прашање одговори дека не гледа потреба пописот да биде одложен, бидејќи според него донесените протоколи за спроведување на пописот ги штитат граѓаните.