Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски за „Плусинфо“ вели дека со тригодишна затворска казна ќе се казни оној кој ќе се попише како да е во странство.
– Кривична постапка ќе биде покрената за сите што се обидуваат да приложат лажни податоци во системот. Според член 9 во Законот за попис јасно пишува дека секој оној што ќе уништи, прикрие, оштети или на друг начин ќе стори да бидат неупотребувани внесените податоци во пописната апликација, ќе се казни со затворска казна од најмалку три години. Ги прочитав предупредувањата од програмерите, но можам само да кажам дека лажни податоци во системот не можат да бидат внесени. Некој може да се регистрира и да мисли дека внесол лажни податоци, но всушност самиот систем ќе покаже дека податоците не се веродостојни, изјави Симовски.
Инаку, вчера почна првата фаза од пописот. Се попишуваат војниците, лицата сместени во казнено поправните установи, но и дијаспората која сама онлајн преку апликации треба да се самопопише