По членството во НАТО Северна Македонија не ги спроведе сопствените стратешки документи што требаше да ја интегрираат земјата целосно во одбранбениот систем на Севератлнаската алијанса, вели полковникот Борко Симовски, во екслузивно интервју за Тв Шења и порталот Zoom.mk.

„Станавме члнека на НАТО, во 2018 година а имаме План за одбрана од времето кога се осамостојувавме како земја. Изгледа дека НАТО влезе кај нас, а не дека ние сме ги исполниле стандардите да влеземе во НАТО. Ние не можеме да се снајдеме преку кои врати да стигнеме до НАТО“, истакнува полковникот Симовски, кој месецов замина во пензија.

Според првиот стратешки одбранбен преглед, земјата предвидела војска од околу седум илјади припадници, меѓутоа додава Симовски, во меѓувреме бил донесен Kонцепт за резервни цели, каде бројката се зголемува на 17 илјади војници, без никој да ја објасни неманата на силите.

„Во делот на резервни сили во 2014 се направи една котасрофална грешка или криминал во државата. Се донесе структура на сили во бројка од 17 илјади војници, само за да се пополни некоја команда или единица, а никој не знае која е потребата за создавање на такви капацитети, на нови формациски бригади. Што е најбитно, прво тие документи не ни беа потпишани седум месеци, кога укажував на тоа, генералите почнаа да ме прекомандуваат од едно на друго место, само затоа што кажав нешто што не одговара со замислата за членство во НАТО од 1993 година. Војска од 17 илјади војници е апсурд, меѓутоа тогаш го убедија Врховниот командант Иванов, кој после ги потпиша тие формации“, се потсетуваа Симоски.
Според него, генералите што го предложиле тој концепт на резервни сили треба да објаснат за што служат силите, а тие не се изгаснати и после три години по членството во НАТО.

Прекршувањата на стандадите има и во офицерскиот кадар, каде се предвидени шест генерали, а имаме дупло повеќе, 12. Треба да има 59 полковници, а имаме тро тупло, 200.

„Во овој дел не ги исполнуваме стандардитге према НАТО. Даваме порака дека имаме несериозен приход кон решавање на тие прашања затоа што во програмата за трансформација, во точката десет пишува дека ревизијата на силите, од тие шест генерали од таа мисија, од тие задачи, доколку настанат одредени промени, Министерството за одбрана е должно да го информира Собранието дека се направени такви промени. Нажалост таа цивилна контрола на армијата не профункционира“, обвинува Симовски и додава дека вишокот на генрали глумат улога на советници, а и самите на знаат за што советуваат.

Тотален несериозен приход водството на Министерството за одбрана и на АРМ имаат и кон опремувањето на војската согласно стандардите на НАТО вели пензионираниот полковник затоа што со некомпатибилна опрема купена од Србија и од источниот блок ги доведуваме во прашање мисиите на НАТО, во кои можеме да учествуваме.

„Секоја опрема што е надвор од НАТО, а учествуваме во НАТО операција го отежнува делот на оддржување на средството, а ја доведува во опасност и самата операција што се изведува затоа што не можете да се ослонувате на таа опрема. Од тука е намерата да се опремувањето да биде од НАТО земји“, објаснува Симовски.

Освен тоа, во 2005 година кога бил донесен првиот Стратегиски одбранбен преглед, имало најава за донација од шест хеликоптери Бел 206 од САД, меѓутоа донацијата била одбиена бидејќи спорно наводно било оддржувањето.
„Настана поголем скандал, модернизација на украинските хеликоптери во Израел, ремонт во Украина, која не сакаа да даде гаранција за хеликоптерите за делот на модернизацијата“, смета Симовски. /Zoom.mk