Апостол Симовски, директор на Завод за статистика во емисијата „24 Анализа“ изјави дека постојаното тврдење на опозицијата дека овој попис, закон и методологија не се во согласност со европските стандарди, паднало во вода минатата недела кога Евростат со јавна изјава на нивниот портпарол ги демантирал и потенцирал дека дека законот и методологијата се целосно усогласени со меѓународните стандарди.

Симовски додаде дека не сака повеќе да навлегува во расправи кои се движат насока дека пописот не е согласно меѓународните стандарди и оти поради тоа остава простор за манипулација.

Според директорот на Заводот за статистика нашата земја има голем проблем со одлив на граѓани и поради тоа иселениците треба да се попишат.