Полковникот Борко Симовски смета дека НАТО имале сериозна причини што одбиле неговиот колега полковникот Зоран Селуловски да биде шеф на македонската мисија во НАТО затоа што тие постојано ја следеле неговата работа.
„Тој не дишол на време во македонската армија. Потпишал изјава дека ќе остане во војската на Србија и Црна Гора. Неговото доаѓање сигурно е забележано од Американците, а уште повеќе е забележано од НАТО. Две години претсој во друга држава откако е создадена македонската војска, сигурно бил некој показател. Зошто нашите служби не погледнале, дозволиле таков пропуст, не направиле некоја поголема анализа не знам“, вели полковникот Борко Симовски во интервју за Тв Шења и порталот zoom.mk и додава дека словенечката војска не ги примал назад нивните офицерите што задоцниле да се пријават на време, не само од Србија, туку и од останатите југословенски републики.
Според Симовски, значење за НАТО имало и тоа што Секуловски како шеф на секторот за планирање во Министерството за одбрана ги кочел реформите во Армијата.
„Не е исклучено и можоста дека забележале дека Планот за одбрана не е усогласен со НАТО стандардите и да изгради соодветен систем коишто ќе одговара на сегашните временски потреби. Беше одговорен, три години работеше во тој сектор, а не започна во поновиот период од 2017 година да даде сигнал кон НАТО дека имаме желба нешто да менуваме. Испаѓа дека бил кочница во системот“, смета полковникот Симовски, кој се пензионираше месецов./Zoom.mk