Првиот човек на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во вестите на Телма изјави дека ги пријавиле сите граѓани во МВР кои одбиле да соработуваат со попишувачите на спроведениот попис. Тој вели дека резултатите од пописот ќе покажат дека околу 300.000 иселеници надвор од Македонија имаат македонско државјанство, а не се попишале
– Три месеци не се доволни за обработка и за објавување на резултатите од пописот. Во овој момент никој не ги знае резултатите. Затоа не сакам да ги коментирам шпекулациите за процентуалната застапеност на Албанците и на другите заедници. Најголемиот дел од населението е попишан, а поднесени се претставки до МВР за десетина граѓани кои одбиле да соработуваат со попишувачите. Исто така, околу 300.000 иселеници имаат македонско државјансто, а не се самопопишале – истакна Симовски.
Инаку, пописот беше спроведен во септември месец, а резултатите се очекуваат најдоцна до април следната година.
На пописот, спроведен по речиси 20 години, беа попишани милион 833 илјади лица во земјава и 205.000