„По темата за Македонија во бугарското општество постои консензус и тоа е надвор од дебата. Речиси едногласно е мислењето на бугарското општество дека Македонија прво треба да ги исполни критериумите во согласност во Договорот со Бугарија. Бугарија конечно треба да има своја политика во однос на Македонија, која што треба да биде политика на поврзување. Бугарските политички елити не се интересираа доволно за таа тема“, изјави Прван Симеонов, директор на Gallup International во ексклузивно интервју за порталот Трибуна.
Прван Симеонов е истражувач, публицист и граѓански активист. Доктор по политикологија, магистер по политички менаџмент и новинар. Извршен директор е на Gallup International и истражувач во институтот по социологија „Иван Хаџијски“. Член и поранешен претседател на Клубот на стипендистите на фондација „Конрад Аденауер“. Предава политички кампањи и истражувачки методи во софискиот универзитет Св. Климент Охридски.
Извор: Трибуна