Фактури за поправка на возилото на експратеничката Силвана Бонева се изведуваат пред судот во случајот „Друмарина“, а обвинетата смета дека тие докази и одат во прилог на неа, а не на Обвинителството. Артан Ајро, кој го застапува случајот, со 53 фактури докажуваше Бонева незаконски присвола над 100 илјади евра кои и се исплатени во Собранието со фискални кои и ги давале други лица. Бонева, која е обвинета дека сторила измама, смета дека фактурите покажуваат само дека во континуитет патувала, а последица на тоа се и сообраќајките кои ги доживеала.
„Денес се изведуваа доказите на Обвинителството меѓу кои имаше 53 фактури и тоа само од еден овластен сервис, кои го потврдија континуираното мое патување, поправките и сервисирањата на моето возило, вклучувајќи ги и поправките по деветте сообраќајки што ги доживеав во периодот 2011-2015. Апсурдно е СЈО да ме обвинува дека воопшто не сум патувала а во исто време да поднесува докази со кои потврдува дека континуирано сум патувала, дека речиси секој месец возилото било сервисирано поради поминатата километража и поправано поради големиот број на сообраќајни незгоди“, напиша Бонева.
Извор А1он.мк