„Предлозите на португалското претседателство на Советот за усвојување на рамката за преговори за пристапување на РС Македонија во ЕУ се апсолутно неприфатливи за бугарската страна, бидејќи тие во суштина го враќаат разговорот скоро една година наназад, и се во спротивност со бугарската позиција донесена и поддржана од бугарската власт и од сите бугарски политички партии, се вели во материјал објавен од бугарската информативна агенција БГНЕС, пренесува порталот Трибуна.
Документот практично ги „пренесува“ бугарските предлози во рамките на Процесот за стабилизација и асоцијација (ПСА), што е, сепак, процес каде не се носат оперативни одлуки. За разлика од пристапните преговори, во рамките на ПСА на Бугарија е лишена од можноста да реагира доколку РС Македонија повторно не ги исполни своите обврски. Од документот станува јасно дека властите во Скопје мора да подготват патоказ, чија имплементација мора да се следи во рамките на ПСА, но истата има апсолутно козметички и неоперативен. Во текот на последните 4 години, PC Mакедонија постојано креираше програмски документи, кои потоа демонстративно и арогантно не ги спроведуваше.
Во исто време, треба да се забележи дека можноста за надгледување на спроведувањето на овој патоказ од страна на Советот за стабилизација и асоцијација (ССА) е во суштина необврзувачка можност да се разговара за ова прашање без инструменти на влијание. Тука треба да се нагласи дека самата PC Mакедонија учествува во ССА.
Предлогот на португалското претседателство со Советот предвидува паралелни еднострани декларации од Бугарија и РС Македонија. Тоа е тотално непотребно и апсурдно бидејќи двете земји веќе имаат ратифициран и депониран во ОН, билатерален Договорот за добрососедство и соработка потпишан на 2 август 2017 година. Откако ќе посведочиме дека властите во Скопје веќе 3 години не го спроведуваат овој договор, кој би поверувал дека нов декларативен и правно необврзувачки документ ќе доведе до негова имплементација?
Документот од Португалија нуди на РСМ „да признае дека македонскиот јазик е кодифициран во 1945 година“, но ова е одамна признаен факт од властите на РСМ. Спорот тука е за потеклото на овој „јазик“, а не за датумот на неговото кодифицирање и оваа клучна точка е изоставена во предлогот на Претседателството. Предвидува двете земји да дистрибуираат еднострани декларации за краткото и долгото име на РС Македонија. Тука мора да нагласиме дека трета година по ред, РС Македонија одбива да го стори тоа со Вербална нота до ООН и има за цел да ја ограничи својата изјава до ЕУ27. Предлогот да се „потврди“ значењето на чл. 11 од Договорот преку еднострани декларации на кој било начин не ја обврзува РС Македонија да ја прекине својата политика за воспоставување во Бугарија на т.н. „Македонско малцинство“ и негово промовирање на меѓународно ниво.
Со декларацијата на Советот, потврдувајќи ги едностраните декларации на Бугарија и на РС Македонија, во пракса Советот ги става на едно ниво земјата-членка – Бугарија и земјата-кандидат РС Македонија. Фактот дека во предлогот се споменуваат и „црвените линии на РС Македонија“ може да се смета како апсолутен преседан. Никогаш порано во преговорите за членство земјите кандидати немале и не можеле да имаат право на вето на рамката за преговори. Вклучувањето на „странски експерти“ во заедничката историска комисија е исто така необјасниво откако беше јавно одбиено од нашите претставници пред две години!
Од документот што се предлага, станува јасно дека истиот ги повторува предлозите што веќе ги отфрли германското претседателство на крајот на минатата година. Речиси и да нема сомнеж дека бугарските власти ќе бидат доста претпазливи во однос на предлозите на португалското претседателство“, стои во анализата на БГНЕС.