Единаесет лица загинаа, а 18 се повредени во невремето и обилните дождови што ја зафатија западна Индонезија.
– Прво свлечиштето беше предизвикано од обилниот дожд, а потоа започна одрон на земјата, каде спасувачките екипи се обидоа да ги евакуираат загрозените жители, изјави претставник на агенцијата за итни случаи.
Претседателот Џоко Видодо во октомври минатата година ги предупреди граѓаните дека метеоролошкиот феномен „Нинџа” може да донесе полоши временски услови што можат да предизвикаат поплави, одрони и да го загрозат земјоделството.
„Нинџа” е придружен со невообичаено ниски температури во екваторијалниот појас на Тихиот океан.