Како коалиција која потекнува од народот, нема да ги оставиме граѓаните сами во овој бојкот од мака. „Вреди“ ја разбира потребата на граѓаните да го извршат овој бојкот, велат од коалицијата.

„Дека преку ова се алармираат профитерите на сметка на народот дека не можат да постават цени надвор од секоја економска логика. Ја разбираме нашата тежина и одговорност како коалиција, дека сме дел од владата и имаме институционални одговорности. Но, пред се, за нас примарна одговорност е да бидеме блиску до граѓаните и да ги поддржуваме во секоја иницијатива што ја преземаат за колективно добро. Затоа, денеска министерот за економија, Бесар Дурмиши, одблиску ќе се сретне со многу граѓани за да ги поддржи во овој неопходен бојкот“.

Како што додаваат во соопштението, не стојат со скрстени раце како претходната влада.

„Ние донесовме мерки за заштита на стандардот на граѓаните со замрзнување на маржата на основните прехранбени производи за да не дојде до енормно поскапување онаму каде што нема основа и во оваа насока ги поздравуваме ваквите иницијативи“.

Оценуваат дека претходната власт изминативе години ги толерирала трговците кои за дополнителна добивка преку нереално поскапување се збогатувале на сметка на граѓаните. И ваквото однесување, според „Вреди“ мора да престане.

„И ако продолжи вака, имаме институционални механизми како што е Државниот пазарен инспекторат, кои се веќе на терен, ги контролираат цените на производите, а доколку дојде до неразумно енормно зголемување на цените и нарушување на пазарната логика, ќе ги искористиме сите механизми што ги имаме на сила и ќе донесеме одлуки и мерки за заштита на стандардот на граѓаните“, потенцираат од коалицијата.