Најмалку четири лица, меѓу кои и двајца полицајци, загинаа во серија експлозии што го погодија главниот град на Авганистан, Кабул.
Две од бомбите биле прикачени на полициски возила во западниот и јужниот дел на Кабул.
Властите соопштија дека третата магнетна бомба експлодирала во источен Кабул, но тука никој не бил повреден.
Постојат извештаи за уште најмалку две експлозии на друго место во градот, но полицијата сè уште нема детали за нив.
Најновите напади се случија кога Талибанците и авганистанската влада разговараа во Катар во обид да постигнат мировен договор што може да стави крај на децениската војна.