Во земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала рано утрово загинаа најмалку 250 лица во Авганистан, изјави официјален претставник, додавајќи дека најмалку 150 лица се повредени и дека се вршат проверки за да се види дали е можно бројот на жртвите да е поголем. Шефот на Министерството за природни катастрофи на талибанската администрација, Мохамад Насим Хакани, рече дека најголем дел од загинатите се во провинцијата Пактика, каде што загинаа 100 луѓе, а 250 се повредени.