Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала го потресе регионот Нијас, во западна Индонезија, соопшти денеска Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
ЕМСЦ наведува дека земјотресот е регистриран на длабочина од 10 километри, откако претходно беше пријавена длабочина од два километра и јачина од 5,9 степени.
Земјотресот бил на 325 километри југозападно од градот Падангсидемпуан, во Северна Суматра.
Засега нема извештаи за жртви или штети.