Силен земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужната иранска провинција Фарс, јави иранската државна телевизија.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Хешта. Засега нема извештаи за можни жртви или материјална штета. (МИА)