Земјотрес со интензитет од осум степени според Рихтерова скала е регистриран денеска во близина на брегот на Нов Зеланд, соопшти Американската служба за геолошки истражувања.
Епицентарот на земјотресот се наоѓал на над илјада километри од градот Вакатане на Северниот Остров.
Веднаш по потресот е издадено предупредување за опасност од цунами и започнала евакуација на дел од населението.
Претходно, во текот на денешниот ден на Нов Зеланд се регистрирани два силни земјотреса со интензитет од 7,3 и 7,5 степени.