Земјотресот со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Албанија, во близина на Скадар, тешко ја потресе Црна Гора. Се огласија граѓани од Улцињ, Челуга и Добри Води. Бил почувствуван и во Македонија со послаб интензитет.
„Улцињ се тресеше“, „Многу се тресеше“, опишуваат граѓаните за ЕМСЦ. И граѓаните на Шушањ напишаа дека земјотресот е „добро почувствуван“. Поблаги потреси се почувствувани во Подгорица, која е на речиси 60 километри од епицентарот.
Земјотресот бил почувствуван низ цела Албанија, а пријавиле граѓани од Драч, Тирана и други градови.
Засега не се знае дали има материјална штета. Епицентарот бил на 57 километри југоисточно од Подгорица и 14 километри јужно од Скадар.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 7 километри под површината на земјата.