Силен тресок синоќа околу 23 часот ги вознемири и исплаши жителите на Загреб. Според првичните информации, летало се срушило, а засега не е познато за какво летало станува збор. Дали за сателит или некакво беспилотно летало, полицијата истражува.
Полицијата потврдила и дека пронашла два падобрани.
Полициската управа на Загреб по 23 часот добила повеќе пријави од граѓани дека почувствувале детонација на поширокото подрачје на Јарун, на која ѝ претходело паѓање од воздух. На местото на пријавата итно биле испратени полициски патроли кои пронашле два падобрани на поширокото подрачје, за што исто така претходно од порталот велат дека добивле пријави од граѓани.
Се шпекулира дека станува збор за беспилотно летало, но не е извесно неговото потекло и намена.