Во целиот австралиски град Сиднеј е воведен двонеделен карантин по зголемувањето на бројот на ново заразени со коронавирус, пренесува денеска БиБиСи.

Advertisements

Повеќе од милион луѓе во централните и источните делови на градот веќе беа под ограничувања, по скокот на бројот на заразени.

Карантинот сега го опфаќа целиот град и некои околни области и е продолжен од една до две недели.

Повеќе од 80 случаи на многу заразната делта варијанта на вирусот се потврдени во градот во последните денови.

Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан, изјавила дека граѓаните низ Сиднеј со околните области на Сините планини, Централниот брег и Волонгонг ќе мора да останат во своите домови до 9 јули, област со околу 5 милиони жители.

„Кога станува збор за заразна варијанта како делта, тридневното затворање не значи ништо – ако го спроведеме тоа , ајде да го сториме како што треба“, рече таа.

„Треба да се подготвиме за што поголем број случаи во наредните денови“, предупредила Береџиклиан.