Иран потврди дека започнал напади врз американски воени бази во Катар и Ирак, како одмазда за американскиот напад врз нуклеарните објекти на Иран за време на викендот, пренесуваат светските медиуми.

САД следат повеќе ракети испукани од Иран кон американските воени бази во Катар и Ирак, објави Cи-ен-ен од двајца функционери.

Министерот за одбрана Пит Хегсет и претседателот на Здружениот штаб Ден Кејн се во Кризната соба, според официјален претставник на Белата куќа, како и американскиот претседател Доналд Трамп.

Висок официјален претставник претходно изјавил дека претставници на Белата куќа и Министерството за одбрана ги следат потенцијалните закани за напад на воздухопловната база Ал Удеид во Катар.

Трамп ја посети базата минатиот месец, првиот претседател што ја посети од 2003 година. Тоа е најголемата американска воена база на Блискиот Исток.

„Ниту една посета на Заливот не би била комплетна без да се застане и да се оддаде почит на луѓето што ја одржуваат Америка безбедна, силна и слободна“, им рече Трамп на војниците во базата на 17 мај.