Американската медиумска куќа Си -ен -ен отпушти тројца работници кои дошле на работа невакцинирани против ковид, со што ја прекршиле политиката на компанијата; пренесе Ројтерс.
„Да бидам појасен, имаме политика за нулта толеранција по ова прашање“, напиша уредникот на Си-ен-ен, Џеф Зукер на Твитер, додавајќи дека на вработените им било испратено писмо во кое се наведува дека вакцините се задолжителни за сите – и за тие во канцеларија и за тие на терен.
Jeff Zucker says in memo to staff that CNN has postponed the Sept. 7 return-to-office date & is now targeting mid-October. “This was not an easy decision, and there is much to consider. The bottom line is that, based on the information that is available today…”
— Oliver Darcy (@oliverdarcy) August 5, 2021
Повеќе од една третина од работниците на Си-ен-ен доброволно се вратија во редакцијата, а колективното враќање е одложено од 7 септември до средината на октомври.
Во некои редакции, ќе биде задолжително носење маска кога луѓето не јадат или не пијат.
Слични одлуки донесоа и други американски медиуми.
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден пред два дена ги најави првите чекори кон донесување мерка според која сите странски посетители во САД мора да бидат вакцинирани против коронавирусот.