Пред да се врати во Велика Британија за последното збогување на принцот Филип, принцот Хари испрати писмо до неговиот татко, принцот Чарлс, обидувајќи се да ги смири нивните затегнати односи поради експлозивното интервју со Опра Винфри во март.
Во пресрет на неговата прва средба со семејството откако ги напушти кралските должности со неговата сопруга Меган Маркл и синот Арчи и се пресели во САД, Хари ја отвори душата со писмо до неговиот татко, но Чарлс сепак беше длабоко повреден од потезите на неговиот син бидејќи неговиот сега покоен дедо во болницата се бореше за живот, пишува Мирор.
– Тој му напиша интимно писмо на својот татко обидувајќи се да ја поправи нивната врска, но тензиите се уште се присутни меѓу нив и работите не се решија како што се надеваше, изјави извор близок до Хари за таблоидот, откривајќи дека принцот во писмото навел уште една причина за неговото заминување, но и дека ветил дека ќе ја почитува институцијата.
– Во пресрет на погребот на принцот Филип, семејството постигна неискажан договор да остане во себе сè што ќе кажат едни за други и да се фокусира на кралицата, на која и беше потребна поддршка по смртта на нејзиниот сопруг, рече изворот.
– Хари не очекуваше дека сè ќе се врати во нормала веднаш, но откако го виде семејството, се чувствува како да имаат уште многу работа за да создадат врска, додаде тој.
Иако Хари беше фатен како разговара со неговиот брат Вилијам по погребот, нивната врска сè уште е прилично студена поради сериозните обвинувања против кралското семејство кои тој и Меган ги изнесоа во интервјуто со Опра.
Хари, меѓу другото, и рекол на водителката дека мисли дека неговиот татко и брат се заробени во палатата и дека не можат само да одат како него, што наводно ги разбеснило идните кралеви.
Друг извор од палатата открил и дека Чарлс се надевал дека ќе го види Хари сам по погребот на неговиот татко, но тој му рекол дека не планира да остане толку долго.
Меган, која во моментов е бремена и чека уште едно дете, го следеше погребот од САД бидејќи лекарите ја советуваа да не патува, а на пријателите наводно им рекла дека не сака да привлече внимание кон себе со доаѓањето.