Шведскиот премиер Стефан Левен резигнирано изјави денеска дека официјалните лица кои во текот на првиот бран од пандемијата во Шведска се залагале да не се воведуваат рестриктивни мерки, ја потцениле виталноста на вирусот.

Шведска на чекор до карантин

„Мислам дека многумина не увидоа каков бран демне над нас“, рече Левен во интервју за весникот Афтенпостен, пренесува АП.

Шведската агенција за статистика соопши дека во ноември се евидентирани вкупно 8.088 смртни случаи од секакви причини, што е најголема смртност во таа земја уште од првата година од шпанскиот грип, кога се евидентирани повеќе од 17 илјади починати.

И Шведска се откажа од „шведскиот модел“

Во Шведска денеска се потврдени 320.098 случаи на ковид-19 и 7.514 смртни исходи меѓу ковид пациентите, значително повеќе од другите соседни скандинавски земји.

Шведска е сега меѓу земјите во кои на сила се рестриктивните мерки и забрани за јавни собири.

Драматична објава на Кристина Ковач од Шведска: Брза помош доаѓа само во случај на гушење или умирање, нема медицинска нега за болните од ковид