Шведската полиција деактивираше експлозивна направа пронајдена во центарот на Стокхолм во неделата, каде се одржувал културен фестивал на отворено.

Паркот каде била пронајдена експлозивната направа е едно од местата во главниот град каде што се одржува годишниот фестивал на култура.

Од полицијата велат дека истрагата е во тек.

„Полицијата веќе разговараше со сведоци и врши проверка на снимките од безбедносните камери од местото на настанот“, изјави началникот на полицијата во областа Стокхолм, Ерик Акерлунд.

Петдневниот фестивал на културата во Стокхолм заврши на 21 август со концерт на иранскиот поп пејач Еби, чие вистинско име е Ебрахим Хамеди и кој е познат ирански дисидент.

Прикажи повеќе