Шведска планира да ги претвори деловните простории во станбени, со намера да го реши долгогодишниот проблем со недостиг од станови. Смената кон купување преку интернет и работа од дома предизвика големи проблеми за многу деловни субјекти, но и даде на нордиската нација шанса да се справи со хроничниот недостиг на станови.

Владата анализира дали слободната комерцијална недвижност по пандемијата на Ковид-19 може да се пренамени за да се надополни недостигот од околу 140.000 домови.

Пазарот на домување одамна е ахилова пета на шведската економија, јавија шведски медиуми.

Комплексни регулативи ги прават трошоците за изградба едни од највисоките во Европа. Даночни олеснувања за хипотека, нула данок на имот и високо регулиран пазар за изнајмување ги зголемија цените на купувачите на станови и драматично ги зголемија цените на становите, а централната банка редовно предупредува на ризикот што и се заканува на економската стабилност.

Шведската управа за домување е задолжена за поедноставување на сложените правила за градење, да помогне во плановите за пренамена на имотот и ќе ги извести владините претставници кон крајот на февруари.

– Пандемијата значи дека се повеќе сектори разгледуваат за решенија за работа на далечина и работа од дома што би биле трајни. и тоа значи дека има локации што можат да се користат за домување, рече шведскиот заменик министер за финансии Пер Болунд.