Норвешка, Данска и Исланд денеска објавија заедничко соопштение во кое најавија поддршка за кандидатите за членство во НАТО, Шведска и Финска, доколку некој ги нападне.
– Заедно со Данска и Исланд, Норвешка е подготвена со сите средства да им помогне на своите нордиски соседи ако станат жртви на агресија на своја територија, пред да станат членки на НАТО, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стере.
Шведската премиерка Магдалена Андерсон претходно и официјално соопшти дека Шведска ќе и се придружи на Финска во аплицирањето за членство во НАТО.
Коментирајќи го влезот на Финска и Шведска во НАТО, рускиот претседател Владимир Путин истакна дека неговата земја нема проблеми со овие земји, и оти нивниот влез не претставува закана, но дека во секој случај ќе следи одговор на Русија.
– НАТО се користи како инструмент на надворешната политика на една земја и тоа се прави многу агресивно, рече Путин