Без сомнение дека холивудскиот актер Арнолд Шварценегер заработил голем хонорар за неговата легендарна улога во „Терминатор“, но начинот на пресметување на цифрата што легнала на неговата банкарска сметка е невообичаен.
Откриено е колку Шварценегер бил платен за улогата во „Терминатор“. Тој добил неверојатни 21.429 долари по збор во филмот „Терминатор 2: Судниот ден“ пишува „Лад Бајбл“.
Во тој филм глумел во 1991 година и изговорил 700 зборови, што значи дека заработил 15 милиони долари со таа улога, пишува „Лад Бајбл“.
Седум години порано, тој заработи 750.000 долари во првиот дел од „Терминатор“. Во тоа време, неговиот лик имал и помалку текст во сценариото.
Првите два дела на оваа франшиза ги режираше Џејмс Камерон, кој подоцна го напуштил проектот поради проблеми со авторските права на овие филмови за војната меѓу луѓето и машините.
Тој се вратил да го режира шестиот дел од франшизата, а приказната продолжила на првиот и вториот дел од филмот, прескокнувајќи дури три филма претставени од другите режисери.
Камерон тогаш објаснил дека дејството на шестиот дел нема логично да продолжи на „Rise of the Machines“ од 2003 година, „Salvation“ од 2009 година и „Genisys“ од 2015 година, бидејќи тие филмови се како „лош сон“.