Синоќешното финале на 65. Евровизија кое се одржа во Ротердам, Холандија ѝ донесе победа на Италија, додека Франција го освои второто место, Швајцарија заврши на трето место, чиј претставник со еден гест привлече огромно внимание…

Претставникот на Швајцарија на овогодинешниот натпревар за песна на Евровизија, Гјон Тирс освои најмногу гласови од стручното жири со што имаше значително водство.

Имено, откако стручното жири на Албанија му даде 12 поени, 22-годишниот претставник на Швајцарија ги поздрави Албанците.

youtube
Принтскрин / Youtube

По тој повод, младиот Швајцарец покажа двоглав орел со рацете, а неговиот потег брзо предизвика реакции на социјалните мрежи.

„Скандал на Евровизија“, „Скандалозен потег на младиот Швајцарец“ беа само дел од коментарите за неговиот гест.

youtube
Принтскрин / Youtube

Имено, неговото полно име Гјон Мухаремај и има албанско потекло. Неговиот татко е од Косово, а неговата мајка е од Албанија. Гјон синоќа се пласираше на третото место со песната „Tour L’ Univers“.

ВИДЕО+ФОТО: Манeскин од Италија се годинашните победници на Евровизија!

Од улични музичари до суперѕвезди: Кои се Италијанците кои победија на Евровизија?