Цените на прехрамбените производи вртоглаво пораснаа. Трошоците на граѓаните за основни продукти драстично се зголемија, пишува Фактор.мк. Бројките говорат дека во период од една година цените на сите производи во малопродажба се зголемиле. Граѓаните честопати коментираат оти денеска за истите продукти даваат двојно повеќе пари, отколку пред една година.