Швајцарија се соочува со недостиг на некои лекови поради тешкотиите во синџирите на снабдување, предизвикани од мерките за сузбивање на Ковид-19 во Кина и војната во Европа, предупреди денеска фармацевтското здружение.

– Најмногу проблеми имаме со лекови за деца, особено со сируп за намалување температура, изјави Енеа Мартинели од „pharmaSuisse“ за телевизијата СРФ.

Како што додаде тој, снемува и лекови за крвен притисок, психијатриски и за Паркинсонова болест.

Во разговор за СРФ, претседателот на швајцарското здружение на фармацевти посочи оти ситуацијата е доведена дотаму, што во некои случаи, лекарите се принудени да набават лекови од странство.

Швајцарија е седиште на големи мултинационални фармацевтски компании, како Роше и Новартис.