Новиот претседател на Швајцарската конфедерација, Ги Пармелин, ги призна грешките во управувањето со пандемијата, во интервју за неделниот дневен весник „ЗонтагБлкк”, јави дописникот на МИА.

-Помеѓу јули и септември, ја потценивме ситуацијата. Мислевме дека можеме да го контролираме вирусот, рече Ги Пармелин, признавајќи дека властите „се далеку од тоа”.

На Твитер, многуминаа побрзаа да потсетат дека од 3 јули, Научните работни сили одговорни за советување во борбата против пандемијата напишаа дека САРС-КоВ-2 инфекциите се зголемуваат во Швајцарија со застрашувачка брзина. И повика на итни мерки. Тоа не се случило.

Ги Пармелин стапи на должност на 1 јануари, но како федерален советник одговорен за економијата, тој играше важна улога во управувањето со здравствената криза веќе една година. Ова портфолио го задржува за време на едногодишното претседателствување.

Швајцарија доживеа релативно умерен прв бран во споредба со  пандемијата која ги погоди нејзините европски соседи, но од есента земјата доживеа многу силен втор бран. Со недели, алпската земја со 8,6 милиони жители прикажуваше повеќе од 4000 нови инфекции на ден и околу 100 смртни случаи дневно. Вакцинациите започнаа во неколку кантони во земјата, но со сè уште бавно темпо. Уште повеќе, овде, како и на друго место во Европа, британската варијанта – позаразна – на коронавирус е откриена најмалку пет пати.

Во саботата, Претседателите на Зелените и Зеленителиберали го повикаа Федералниот совет да преземе строги мерки за борба против пандемијата придружена со економска помош, наместо сегашната политика

Извор.МИА