По десет месеци, близу 20 илјади жени од населбата Шуто Оризари од денеска добија пристап до гинеколошка здравствена заштита.
Министерот за здравство Венко Филипче, од пред Поликлиниката во општината, денеска изјави дека на гинекологот што се согласил тука да регистрира приватна здравствена установа, ќе му помага медицинска сестра од населбата.
Иницијативата на жените од Шуто Оризари го поздрави отворањето на гинеколошката ординација и велат дека најголемата заслуга ја има Др. Бошковски, кој допринел за унапредување на репродуктивното здравје на Ромките и пристапот до примарна здравствена заштита.
Ги повикуваме жените да одберат свој матичен гинеколог, како би можеле навремено и превентивно да го следат и да се грижат за своето репродуктивно здравје. Со отворањето на ординацијата на Др. Бошковски, пристапот за грижата за репродуктивното здравје на жените од оваа општина стана достапно. Иницијативата на жени од Шуто Оризари останува посветена на мониторирање на работата на матичните гинеколози, како и нудење на помош во едукација и информирање на жените Ромки за антеналатана и пренатална заштита“. – Иницијатива на жените од Шуто Оризари.
Министерот Филипче изјави дека со ова се заокружува еден сериозен процес на олеснување на пристапот до здравствена заштита. Претходната гинеколошка ординација беше отворена во 2017 година, а затворена во јануари 2020 година, бидејќи докторката тогаш го раскина договорот за закуп со Здравствениот дом Скопје.
Денеска започна со работа ординацијата на матичниот гинеколог кој го најдовме и се согласи да регистрира своја ПЗУ во…
Posted by Венко Филипче on Friday, April 23, 2021
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.