Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, организира меѓународни предавања и работилница со наслов „Создавање шуми според методот Мијаваки“, кои ќе се одржат од 15 до 16 април 2025 година, во просториите на Факултетот.

Во рамките на програмата за работа, на 15. април, предавањата со физичко присуство ќе ги изведат професор емеритус Казуе Фуџивара (Emerita Prof. Dr. Kazue Fujiwara) од Националниот универзитет во Јокохама, Јапонија, која е и ученик и асистент на основачот на оваа методологија – проф. д-р Мијаваки, потоа професор емеритус Елџин Овен Бокс (Emeritus Prof. Dr. Elgene Owen Box) од Универзитетот во Џорџија, САД и Мотохару Ночи (Motoharu Nochi), основач и директор на проектот „Мидоризејшн“. Исто така, виртуелни презентации ќе имаат уште тројца експерти непосредно вклучени во активностите за озеленување според методот Мијаваки во Јапонија, Тајланд и во Европа.

Покрај меѓународните предавања и дискусиите, на 16-ти април, во дендропаркот на Факултетот ќе се подигне шумичка во согласност со методологијата на Мијаваки, во соработка со Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Национални шуми“ и Градинарскиот и оперативен центар „Фоја КО“ од Скопје.

Работен јазик на меѓународните предавања и работилницата е англискиот јазик.