Германија ќе и даде на Украина дополнителни 200 милиони евра за финансирање на програмата за помош на внатрешно раселените лица низ Украина како резултат на руската инвазија, изјави министерката за развој Свења Шулце за „Функе Медиа Груп“.
Украинскиот премиер Денис Шмихал утре ќе го посети Берлин, каде ќе се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц. -Ќе разговарам со премиерот Шмихал за тоа како можеме да продолжиме да ја поддржуваме украинската влада во грижата за прогонетите, рече Шулце.
„Парите се наменети за помош на внтарешно раселените лица во Украина за да можат да си ги обезбедат основните потреби“ , додаде таа. Од почетокот на руската инвазија в рз Украина па се до 23 август околу седум милиони Украинци се видат за внатрешно раселени, покажуваат податоците на Меѓународната организација за миграција на Обединетите нации.
Минатиот месец, претставник на германската Влада изјави дека Европската унија има намера до септемрви да состави финансиски пакет за Украина во вредност од околу осум милијарди евра, во кој ќе партиципира и Германија.