Претседателот на ХНС и член на ИО на УЕФА, Давор Шукер е разочаран од идејата за создавање Супер лига.
Тој посочува дека 12 клуба сакаат да го контролираат фудбалот во Европа и дека нема да успеат.
Тој беше сосема јасен во разговорот за шпанскиот весник Марка.
“Ние во УЕФА нема да дозволиме колапс на фудбалската пирамида заснована на солидарност помеѓу клубовите и помеѓу 55 европски федерации. Овие 12 клуба не можат да го контролираат целиот фудбал, ова го велам од искуство како играч на Реал и Арсенал, и сега како личност која ја води Федерацијата“, рече Шукер.
“На малите клубови и оние со средна големина треба да им се дозволи да се натпреваруваат против големите, да се обидат да ги победат. Тоа е спортот што сите го сакаме”, додаде Шукер.
Тој им се заблагодари на водечките француски и британски политичари кои застанаа против оваа идеја.
“Јасно е дека клубовите ја сакаат нивната конкуренција, но што ќе се случи со момците од младинскиот тим. Дали тие исто така сакаат да играат фудбал како што отсекогаш сакаа”, се прашува легендарниот Хрват.
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин претходно објави дека секој играч што се натпреварува во Суперлигата нема да има право да игра за националниот тим.
“Фудбалскиот свет е обединет, владите се обединети, сите ние сме против овој бесмислен проект. Играчите кои играат во Суперлигата нема да можат да играат на Светските и Европските првенства. Тие нема да можат да ги претставуваат своите репрезентации“, Рече Чеферин.
Како главна причина за основање на Суперлигата, 12 клуба наведоа пари, но Чеферин има поинаков став во тоа мислење.
“УЕФА реинвестира 90% од заработените пари во проекти. Суперлигата е во интерес на десетина клубови, не би ја нарекол валкана десетина. Основниот принцип не може да се промени. Тоа е нешто што трае вечно. За некои тоа не постои, единственото нешто што постои е пари во џеб “.