Управата за водење на матични книги од утрово е недостапна за граѓаните. Генералниот штрајк кој вчера беше најавен од страна на Независниот синдикат на Управата за матични книги, започна денеска околу 8 часот.
Претседателот на Независниот синдикат на Управата за водење на матични книги, Тони Милошески за МИА изјави дека сите подрачни одделенија се во штрајк и дека се уште не добиле понуда за средба.
-Сите подрачни единици се во штрајк, може да има некои исклучоци, мислам дека Куманово, некои од волонтерите работат, но сигурно под притисок од управата, значи 90 проценти од Управата е во штрајк, појасни Милошески.
Додаде дека засега луѓето кои доаѓаат имаат разбирање за штрајкот.