Децата родени на Божиќ имаат посебно место во народните верувања, бидејќи самиот датум на раѓање носи силна симболика. Според христијанското учење, тие доаѓаат на свет на денот кога е роден Исус Христос, поради што се смета дека се предодредени за живот исполнет со добрина, љубов и светлина.

За родителите, раѓањето дете на Божиќ се доживува како посебен благослов и знак на божја наклонетост. Во народната традиција, ваквите деца често се нарекуваат „дар од Бога“, а нивното раѓање се толкува како дел од повисок, божествен план.

Во согласност со овие верувања, традиционално им се давале имиња со силна симболика, како Богдан, Божидар, Бoжимир или Божица. Денес, почести се имиња како Теодор, Теодора или Доротеја, кои исто така го носат значењето „дар од Бога“. И покрај промените низ времето, симболиката на Божиќ како празник на надеж, љубов и нов почеток останала иста.

Текстот Што значи ако детето се роди на Божиќ според народните верувања е превземен од МАКФАКС.