Странските набљдувачи попладнево го презентираа првиот извештај за вчерашните парламентарни избори во Албанија, во кој главната поента е дека изборниот ден поминал многу подобро од капањата.
Шефот на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Азај Гулијев, рече дека на овие избори немало проблеми со избирачкиот список, но посочи дека гласањето е тајно и затоа секоја закана кон граѓанинот претставува закана за демократијата.
-Делегацијата на ПССЕ е свесна дека беше предизвик да се одржат избори во пандемија. Генерално гласањето беше успешно, иако беа забележани некои проблеми со гласањето на лицата со попреченост, во некои имаше собири, но општо беше успешно. Гласањето е тајно, бидејќи напротив му се заканува на граѓанинот, и ова е закана за демократијата. Не обвинуваме и не знаеме кој се крие зад ова, но велиме дека овој начин ја става на ризик демократијата. Ова се однесува на сите земји а не само на Албанија , рече тој.
На прашањето дали имаат докази за продавање и купување гласови, тој рече нивните долгорочни набудувачи се свесни за некои случаи, но постапката не е завршена, дека се „зборувало за обвинувања, а не за факти“.
-Набљудувавме долго време во неколку земји, ќе продолжиме да набудуваме како ќе се постапува со овие обвинувања и како тоа ќе заврши, значи како ќе се одвива постапката и од албанските власти. Ова ќе биде дел од нашата работа во иднина, за да откриеме дали тие наоди биле точни или не. Ако има негативен одговор, односно ако овие обвинувања не се точни, тоа секако ќе биде внесено во нашите извештаи, одговори тој,
Од своја страна, шефицата на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, Урсула Гачек, рече дека купувањето гласови останува проблем, против кого без друго треба максимална ангажираност.
-Имавме извештаи во врска со ова. Нашите долгорочни набудувачи се занимаваа со овие прашања. Тешко е да се следат ваквите проблеми. Специјалното обвинителство веќе води случаи поврзани со наодите за продажба и купување на гласовии и покрај големите напори направени од ЦИК,рече таа.
Додаде дека ги охрабруваат луѓето да не го губат правото на глас и оти продолжуваат да гледаат примери или обвинувања за купопродажба на гласови.
– Важно е гласачите да имаат доверба во изборниот систем. Купувањето гласови останува проблем и мора да се борите против него. Не треба да се дозволува и нема да биде дозволено. Ова ги тера Албанците да ја изгубат довербата во изборите, порача Гачек.
Таа оцени, дека за жал, неколкуте инциденти предизвикале луѓето да страдаат и оти најтежок е инцидентот во Елбасан, каде беше убиен активнист на Социјалистичката партија.
Најави дека ќе продолжат да прубираат податоци и оти финалниот извештај ќе биде објавен на 28 мај.