Министерот за локална самоуправа Горан Милевски најави оставка. Тоа ќе се случи наредната недела, а од Владата велат дека се уште оставката не е доставена до нив. Милевски ќе се повлече и од челната позиција на ЛДП.

Коалицискиот партнер во Владата, СДСМ со следниот коментар за оставката на Милевски.

“Тоа се внатрешни прашања во рамки на нашиот коалициски партнер ЛДП. Односите со ЛДП и во коалицијата се на високо ниво. Коалицијата предводена од СДСМ е фокусирана на ефикасно менаџирање на енергетската и економска криза, како и на посветена работа во однос завршување на преговорите со ЕУ, што вклучува и потребните уставни измени”, велат од СДСМ.