Граѓаните кои го пропуштиле терминот за имунизација треба повторно да се пријават на vakcinacija.mk или кај матичниот лекар. Тие влегуваат во групата, односно временскиот период кога извршиле пријавување.
Доколку граѓанинот сам не се откажал од терминот (опција што постои на vakcinacija.mk) поради здравствени причини, електронскиот систем автоматски ги повлекува регистрациите и на граѓаните им испраќа порака за закажан термин за имунизација појаснуваат надлежните.
Комисијата за имунизација има донесено одлука пациенти со прележана болест да може да се имунизираат еден месец од денот на оздравување, додаваат надлежните.