За околу една недела на американскиот претседател му истекува мандатот. Зошто тогаш Демократската партија планира почнување постапка за отповикување на претседателот Трамп – импичмент? Експертите гледаат две причини, анализира „Дојче Веле“.
„Тоа би имало големо симболично значење“, објаснува Шери Бермен, политиколог од њујоршкиот Барнадр колеџ. Според неа, Демократите сакаат јасно да стават на знаење дека никој не е над законот. „Претседателот придонесе кон подбуцнување на народот и поттикнуваше на насилство. Затоа, за демократијата е важно тој да биде повикан на одговорност.“
– Advertisement –
Според Шери Бермен, уште една причина лежи во 14. уставен член. „Ако Сенатот го осуди, тоа би спречило негово идно кандидирање“, потенцира Бермен. Бидејќи американските претседатели можат да управуваат со земјата во вкупно два мандати, кои не мораат да бидат еден по друг, Трамп би можел да се кандидира за претседател во 2024 година. Меѓутоа, ако Сенатот го осуди, би можел да гласа и за тоа дали да му се забрани секоја идна кандидатура. За тој чекор е потребно само просто мнозинство, а него Демократската партија го има во Сенатот.
Но, постапката за отповикување може да се пролонгира со месеци. Новиот претседател Џо Бајден ќе има други приоритети – Сенатот мора да ги потврди членовите на неговиот кабинет.
Извор: DW