Големото „Ел Класико“, кое за жал поради пандемијата ќе се одигра без навивачи, на програмата е утре. Реал Мадрид ја пречекува Барселона, во меч кој може да биде клучен во трката за титулата. Сепак неверојатни вести доаѓаат од Шпанија. Имено, сменет е главниот судија делегиран за овој меч Антонио Матеу Лахос. Правдата сега ќе ја дели Хесус Хил Мансано.
Според информациите Лахос се повредил на мечот од ЛШ помеѓу Баерн Минхен и ПСЖ и нема да може да ја дели правдата на овој натпревар.
Вo Барселона се бесни, бидејќи веруваат дека Мансано е судија кој навива за Реал Мадрид и кој го има на „пик“ нивниот најдобар фудбалер Лионел Меси.