Секоја пластична амбалажа мора да има знак што покажува од какви хемиски соединенија е изработена. Станува збор за мало триаголно знакче со впишан број во внатрешноста.
Advertisements
1. PET или PETE
РЕТ е една од најчесто користените пластични маси во потрошувачките производи, а се наоѓа во повеќето шишиња за вода и безалкохолни пијалоци. Наменет е за еднократна употреба бидејќи повеќекратното користење го зголемува ризикот од развој на бактерии. Шишињата од овој материјал може да содржат тешки метали и хемикалии кои влијаат на хормонската рамнотежа. Амбалажата РЕТ е мошне тешко да се дезинфицира.
2. HDP или HDPE
HDPE цврста пластика што се користи за шишиња за млеко, разни детеергенти, масла, играчки и некои пластични торби. Овој вид пластика практично не испушта хемикалии. Експертите препорачуваат одбирање шишиња со овој знак при купување, бидејќи тие се најверојатно најбезбедни и содржат почиста вода од останатите на пазарот.
3. PVC или 3V
PVC е мека и еластична пластика од која се произведува: проѕирна фолија, шишиња за масло за готвење, играчки за деца и за домашни миленици, амбалажа со меурчиња за обвивање на лесно кршливи производи. Оваа пластика ослободува две отровни супстанции кои влијаат врз хормоните во телото.
4. LDPE
Оваа пластика не може да се користи за произведување на шишиња, туку за пакување храна. Меѓутоа, ако можете, заобиколете ги бидејќи со храната ќе внесете и некои хемиски супстанции.
5. PP
Ова е уште една бела, обоена или провидна пластика која се користи како амбалажа за сирупи, јогурт и слично. Пластиката е тврда, лесна и има одличен квалитет кога станува збор за отпорност на топлина.
6. P.S
Полистиренот е ефтина, лесна пластика за широка намена. Најчесто се користи за изработка на чаши за еднократна употреба, садови со капак за транспорт на брза храна, како и плпастичен прибор за јадење. Оваа пластика ослободува одредени канцерогени материи при загревање, а потполно е несоодветна за долготрајно чување на храна и пијалоци.
7. PS или пластика без знак (0)
Често се користи за производство на спортски шишиња за вода и садови во кои се става храна. Ова е најопасната пластика со која може да се сретнете. Протоколите за неа не се стандардизирани кога станува збор за повторна употреба и рециклажа. Постои опасност хемиските компоненти од нејзиниот состав, под одредени околности да преминат во храната или пијалоците.