Главоболката е веќе позната реакција на вакцината против ковид-19, а што значи тоа за оние кои страдаат од мигрена?
За да се заштити популацијата од коронавирусот, постојано пристигнуваат нови дози на вакцина низ целиот свет, а бројот ќе расте само со подобрување на дистрибуцијата. Тоа би можело да значи дека сè повеќе луѓе ќе се вакцинираат и со тоа ќе бидат заштитени од влијанието на вирусот. До денес, податоците откриваат дека вакцините што (ќе) ги примаме се безбедни и ефикасни, иако поединците исто така ќе доживеат и нуспојави, според Центарот за контрола и превенција на болести.
Според податоците собрани од околу два милиони вакцинирани лица во Америка, приближно 7 до 10 отсто од нив пријавиле дека доживеале некаков вид болка по вакцинацијата, а 30 отсто објавиле дека по вакцинацијата страдале од главоболки.
Ако претходно сте страдале од мигрени, главоболките како несакан ефект (нуспојава) може да ве загрижат, велат американските лекари.
Загриженоста е сосема разбирлива, бидејќи повеќето луѓе кои страдаат од мигрена знаат дека сè што може да предизвика главоболка кај некој друг – вирус, инфекција, недостаток на сон, премногу кофеин или премалку кофеин – кај нив честопати ќе предизвика мигрена во нив, додаваат лекарите.
За подобро да ги разберете ризиците и придобивките од вакцината против ковид-19, еве неколку стручни совети
Нуспојавите од вакцините, како главоболка, се само краткотрајни
За „Фајзер-БиоНТех“ и „Модерна“, раководителот на центарот за главоболка на клиниката „Кливленд“, Емад Естемалик објаснува:
„Двете вакцини се од иста платформа, мРНА, и податоците за нив се мошне слични. Главоболката е дел од она што ние го нарекуваме системски нуспојави, а тие исто така вклучуваат и висока температура, болка во мускулите и зглобовите, а сите овие симптоми траат кратко.“
Се смета дека би требало да поминат 24 до 48 часа, а почесто се појавуваат по втората доза. Исто така, се чини дека помладите луѓе почесто ќе доживеат нуспојави отколку постарите.
Не треба да ја прескокнете втората доза, дури и ако имате нуспојави
Дури и ако сте имале силна главоболка по првата доза на вакцината, не треба да ја прескокнувате втората доза или да ја одложувате вакцинацијата.
Поедноставно кажано, првата доза можете да ја сметате за основна, а втората, всушност, ќе го зајакне производството на антителата и со тоа ќе го зајакне дејството на вакцината, истакнуваат лекарите.
Експерти советуваат да не се земаат таблети против болка пред вакцинацијата
Исто така, и во научната заедница има многу дискусии за тоа дали некое лице треба да зема лек како превентивна мерка против мигрена и главоболка, а посебно внимание се обрнува на тоа каков ефект лекот ќе има на имунолошкиот одговор.
Резултатите од студијата објавена на почетокот на оваа година велат дека нестероидните противвоспалителни лекови, како ибупрофен, можат да го намалат производството на антитела и да влијаат на одговорот на имунолошкиот систем на вирусот. Стручњаците советуваат дека не треба да ги користите овие лекови пред вакцинацијата.
Естемалик се согласува со тоа: „Мое мислење е дека не треба да земате лекови пред вакцинацијата, а тоа ги вклучува и оние против мигрена“, а советува и да испиете доволни количества вода пред вакцинацијата, бидејќи со тоа ќе ја спречите дехидратацијата, која може да предизвика појава на главоболки.
Главоболките и мигрените што се појавуваат по вакцинирањето можат нормално да се третираат
По вакцинацијата, ако се појави главоболка, смеат да се земат лекови против мигрена или главоболка за да се олеснат симптомите.
– Постоеше загриженост дали лековите (без рецепт) ќе влијаат на намалување на дејството на лекот, но постојат докази за тоа – велат лекарите, додавајќи дека се надеваат дека достапноста на лековите за главоболка, како и краткото траење на нуспојавите, ќе им помогнат на луѓето да се ослободат од стравот од вакцини.
Не треба да земате лекови пред вакцинацијата, а тоа ги вклучува и оние против мигрена. Се советува и да испиете доволни количества вода пред вакцинацијата, бидејќи со тоа ќе ја спречите дехидратацијата, која може да предизвика појава на главоболки.