Најголемото внимание не само во Италија, туку и во целиот свет денес сигурно ќе го привлече Дерби дела Мадонина.

Лидерот Интер го пречекува второпласираниот Милан во градското дерби, со само бод разлика на табелата. Нов судир помеѓу Ибрахимовиќ и Лукаку. Без сомнение, многу важен натпревар во кој и Антонио Конте и Стефано Пиоли не сакаат да загубат.

За вакви дербија, обично е неопходна вистинска мотивација, и што им порача Конте на играчите пред дербито?

“Тоа е натпревар во кој победникот добива многу и што е многу важен за градот Милано. Ние сакаме да победиме и мотивирани сме. Што им реков на играчите? Што им велам пред секој натпревар, дека тие мора да дадат се од себе, да се докажат и да покажат дека се најдобри во Серија А “, рече Конте.

Натпреварот започнува во 15:00 часот, а Милан е формално домаќин на ова дерби, бидејќи двата тима користат ист стадион.