Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес.

Па, еве неколку интересни предлози кои можеби нема да ве остават рамнодушни.

The Serpent – Серија на „Netflix“

Реална приказна за човекот по име Чарлс Собраџ, убиец, крадец и заводник кој оперирал во средината на 70-тите години следејќи ја патеката на хипиците кои патувале во Индија, Непал и Источна Азија. Претставувајќи се како продавач на скапоцени камења, Собраџ и неговата девојка
Мари-Андре Леклерк се движат низ Азија намамувајќи огромен број млади луѓе кои ги ограбуваат, им го украдат идентитетот, а потоа на истите им се губи секаков траг. Но, холандскиот дипломат Херман Книпенберг почнува да го истражува исчезнувањето на еден млад пар од Холандија и почнува да го склопува мозаикот на Собраџ…

Жанр: криминална драма / IMDB оценка: 7.1 / Rotten tomatoes рејтинг: 63%

Tolkien – Филм на „HBO“

Како млад студент, авторот Џон Роналд Руел Толкин наоѓа љубов, пријателство и уметничка инспирација меѓу група соученици. Нивното братство наскоро се засилува додека Толкин се соочува со бурен период со неговата сакана Едит Брат и избувнувањето на Првата светска војна. Овие рани животни искуства подоцна го инспирираат младиот автор да ги напише класичните фантастични романи „Хобит“ и „Господарот на прстените“.

Жанр: драма / IMDB оценка: 6.8 / Rotten tomatoes рејтинг: 50%

The Dig – Филм на „Netflix“

Кон крајот на 30-тите години на минатиот век, богатата сопственичка на земјиште, Едит Прити, го ангажира археологот-аматер Базил Браун за да ги испита насипите на нејзиниот имот во Англија. Но Браун открива нешто неверојатно на имотот на Прини… Каква ли тајна се открива?

Жанр: историска драма / IMDB оценка: 7.1 / Rotten tomatoes рејтинг: 88%

I May Destroy You – Серија на „HBO“

По сексуалното злоставување во ноќен клуб, животот на Арабела се менува неповратно и таа е принудена да ги преживува сеќавањата одново и одново обидувајќи се да открие што точно се случило. За среќа луѓето околу неа се обидуваат да ѝ помогнат на сите можни начини. Овој наратив го отвара прашањето за сексуалноста во современиот живот и која е разликата помеѓу ослободувањето и експлоатацијата.

Жанр: драма / IMDB оценка: 8.1 / Rotten tomatoes рејтинг: 98%